Еден од патниците се спасил во последен момент, качувајќи се во друг автобус

од Nikola Popovski

Таткото на еден од патниците, кој требало да биде дел од автобусот, информира дека неговиот син е здрав и жив и дека само чиста среќа го спасила од кобниот ден кога загинаа 44 македонски граѓани. Неговото име е Џафер Долек.

-Во целата несреќа за мене излезе голема среќа. Фала му на Бога, дали така судбината сакала не знам. Во кобниот автобус требаше да биде и мојот син, кој беше дел од групата. Дошло до грешка со багажите, па наместо во тој автобус, багажот бил префрлен од хотелските служби во друг автобус. Кога се качил син ми, се пожалил дека му се префрлени работите во погрешен автобус. Му рекле дека има место во првиот и да се качи во тој каде што му е багажот. Така се качил и за мене е тоа голема среќа, ако може да се каже така, изјави таткото на Џафер Долек за ТВ Сител.

На местото на автобуската несреќа во Бугарија се пронајдени 44 тела и остатоци од тела, коишто ќе се поврзат со ДНК анализата, информира денеска Директорот на Институтот за судска медицина Александар Станков. 8 патници се спасиле.

Слични содржини