Еден потешко и 11 полесно повредени, се преврте македонски автобус во Србија

од Aleksandar Todeski

Едно лице е тешко повредено, а 11 се полесно повредени во сообраќајна несреќа на автопатот Прокупље – Блаце, кај Белољин, кога околу 10 часот се преврте автобус од Македонија, кој превезувал патници до Копаоник, јавува РТС.

Тешко повреденото лице, како што јавуваат спрските медиуми е пренесено во болница во Прокупље, а останатите единаесет лица со полесни повреди се згрижени во Здравствениот дом во Блаце.

„Екипата за Итни случаи на нашиот здравствен центар веднаш излезе на теренот, им помагна на повредените и во тек е нивна згрижување“, велат од Здравствениот дом во Блаце.

Засега не е позната причината за несреќата, а овој пат, на кој има чести сообраќајни несреќи, е во фаза на реконструкција од минатиот месец, со посебен режими на сообраќај во зависност од работите.

Слични содржини