„Еден позитивен со делта сојот може да зарази до 30 луѓе“

од Nikola Popovski

Директорот на Институтот за јавно здравје, Бранислав Зељковиќ, изјави денеска дека делта сојот на коронавирусот е потврден во Република Српска (РС) и дека голем број новозаразени лица се позитивни во последните денови. Зељковиќ изјави дека сите потврдени случаи на делта сојот биле од регионот Бања Лука.

„Лице заразено со делта сојот може да зарази 20 до 30 луѓе“, рече тој на прес -конференција.

Зељковиќ рече дека сериозноста на клиничката слика на заразените со делта е слична на онаа од претходните соеви.

„Институтот размислува за измена на мерките за карантин за луѓето кои биле вакцинирани и биле во контакт со заразено лице“, рече тој.

Според него, важно е да се следи движењето на вирусот.

Епидемиолог на Институтот Нина Родиќ-Вукмир, истакна дека вакцинираните луѓе се заштитени во голем број од сите соеви.

„Ги повикуваме граѓаните да се вакцинираат, бидејќи 98% од хоспитализираните се невакцинирани“, рече Родиќ Вукмир.

Слични содржини