Еден убиен и двајца ранети полицајци во немирите поради смртта на Афроамериканецот Флојд

од Nikola Popovski

Најмалку 7.500 демонстранти учествувале во уличните немири во Оукланд, Калифорнија, при што еден полицаец е убиен, а друг е ранет во пукање минатата ноќ, јавува Си-Ен-Ен.

Полицијата соопштила дека истрагата е во тек. Членовите на Федералната служба за безбедност ги чуваат Федералните објекти во Оукланд

Бруталната смрт на Афроамериканецот Џорџ Флојд минатиот понеделник за време на полициската интервенција во Минеаполис буквално ја „запали“ цела Америка.

Протести од згрозени граѓани се одржуваат во многу градови низ целата земја, а се состојат од насилство, жестоки судири со полицијата и апсење на десетици учесници.

Полицијата добила извештаи за вандализам, кражба, подметнување пожар и напади врз полицајци.

Слични содржини