Еден загинат во сообраќајка во Скопје

од Ивана Рамаданова

Пешак загинал во една од вкупно 47 сообраќајни незгоди што викендов се случиле на подрачјето на СВР Скопје. Возач на патничко моторно возило и сопатник биле тешко повредени во две сообраќајки, а 30 лица се здобиле со полесни повреди во случени 38 сообраќајки. Во 14 сообраќајки била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека викендов сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а од сообраќај исклучила шест возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и шест возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило, како и шест нерегистрирани возила.

Санкционирани биле тројца возачи кои поминале на крстосница на црвено светло и тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и еден пешак кој поминал коловоз вон пешачки премин.

Со помош на  специјалното возило „пајак“, отстранети биле 162 возила. 

Слични содржини