Еди Рама предложи својот нацрт-план за формирање на ЗСО

од Stefanija Kuzmanovska

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека напишал нацрт-план за формирање на Заедница на српски општини (ЗСО) на северот на Косово и дека тој нацрт им го проследил на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц, како и до претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и „американската страна“.

Како што пренесе „Албаниан пост“, Рама изјавил дека се работи за нацрт кој бил „подготвуван долго време“ од врвни американски и европски експерти, што било направено, како што изјави Рама на прес-конференцијата, во случај да дојде овој ден.

„За мене е неразбирлива позицијата на Косово, а не на Србија. Партиите не можат да се договорат кој да го напише овој текст, а повеќе не се согласуваат ниту околу тоа што треба да биде вклучено во текстот на нацртот“, рече Рама.

Слични содржини