Единаесет граѓани завршиле на Токсикологија поради алкохол, 7 од нив се малолетници

од Nikola Popovski

Министерот за здравство, Венко Филипче утрово информира дека на Клиниката за Токсикологија биле примени 17 пациенти, од кои 11 поради алкохолизирана состојба.

-Седум од алкохолизираните биле малолетници на возраст од 14 до 17 години. После соодветен третман сите се добри и се пуштени дома, рече Филипче.

Од Клиниката додаваат дека 10 пациенти биле машки, а седум женски лица.

Слични содржини