Единаесет од новозараените се од Липково, еден од Куманово, информираат од Центарот за јавно здравје на Куманово

од Vladimir Zorba

Директорот на центарот за јавно здравје Куманово Ариф Љатифи, денеска соопшти дека од 12 -те новозаразени од подрачјето кое го покрива Центарот, единасет лица се од општина Липково. Овие лица се поврзуваат со веќе познати кластери, соопшти директорот на јавната здравствена установа. Едното лице кое е заразено е од Куманово и е утврдено во рамки на скринингот што се врши по фудбалски клубови.

Тој информира и дека починатите од коронавирус на 73 и 66 години се жители на Липково од селата Слупчане и Никуштак.

Љатифи уште еднаш апелираше граѓаните доследно да ги почитуваат мерките за заштита на сопственото и здравјето на најблиските.

-Маски, дезинфекција, миење раце, физичка дистанца, клучно е да се применуваат за да се заштитиме од вирусот, истакна Љатифи.

Слични содржини