Единаесетта хуманитарна акција на Амбасадата на САД и Црвениот крст

од Vladimir Zorba

Во рамки на одбележувањето на Американскиот Национален ден на служба и сеќавање, а во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справување со последиците од терористичките напади на 11 септември, Амбасадата на САД во земјава, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и со Институтот за трансфузиона медицина денеска организира крводарителна акција и акција за собирање на прехранбени продукти.

На овој ден, рече амбасадорот на САД во земјава Кејт Брнз, се сеќаваме дека речиси 3.000 лица ги загубија своите животи за време на терористичките напади и им оддаваме почит обидувајќи се да направиме нешто добро за нашата заедница.

-Веќе 11 години Амбасадата на САД во Скопје заедно со колегите и пријателите од цела Северна Македонија ја организираат оваа крводарителска акција, и акција за собирање прехрамбени продукти, а бројката на учесници постојано се зголемува. Горди сме што сме партнери со Црвениот крст и Институтот за трансфузиона медицина да обезбедиме поддршка што спасува преку дарување крв, како и поддршка за оние на кои им е потребна во Северна Македонија преку донации во храна и парични средства, рече Брнс, во пригодното обраќање пред присутните на акцијата што се одржува во американската Амбасада.

Оваа акција, според неа, е извонреден пример како едно општество, луѓе со различно потекло, различни политички убедувања се соединиваат да направат позитивна промена.

-Освен што порасна, акцијата прерасна и во симбол на партнерство помеѓу нашите две земји. Таа е скромен начин да ја изразиме нашата благодарност на луѓето во Северна Македонија за партнерството и поржртвуваноста во речиси дведецениската борба против насилниот екстремизам, истакна американската амбасадорка.

Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија Саит Саити истакна дека со оваа заедничка иницијатива со која се дава помош и поддршка на ранливите категории, но воедно се гради континуитет преку кој се унапредуваат нашите релации, се промовираат и поттикнуваат хуманост и солидарност и се мотивира заедницата.

-Чувството дека помагаш и даваш поддршка и си близу до оние на кои им е потребна помош, сите не прави поголеми личности. Токму такво се 2.200 крводарители кои изминативе 10 години на овие акции дарувале крв. Длабока почит и благодарност до сите донатори со чија поддршка од 12 тони храна и 250 илјади денари беа направени 1.880 пакети со прехрамбени производи со кои директно се помогнати 7.520 лица, рече Саити.

Претставничката на Институтот за трансфузиона медицина, Рада Грубович, вели дека крводарителските акции се од исклучитерлна важност бидејќи, како што рече, тоа е единствен начин да се дојде до крв која спасува човечки животи. Затоа, додаде, охрабрува фактот дека оваа акција секоја година е помасовна.

Преку оваа акција на служење на заедницата, донаторите ќе му помогнат на Црвениот крст да ги надополни резервите од крв и да обезбеди храна за загрозените семејства за претстојната зима.

Во акцијата се вклучуваат граѓани, припадници на Армијата, на дипломатскиот кор, општествениот живот, политичари, пратеници,

Одбележувањето на Националниот ден на служба и сеќавање почна во 2002 година, во чест на жртвите, преживеаните и сите оние кои помогнаа во справувањето со последиците од нападите на 11 септември. Во 2009, Конгресот на САД усвои сојузен закон со што го прогласи 11 септември за Национален ден на служба и сеќавање.

Слични содржини