Единствен план е интеграција во ЕУ – подобро порано, отколку покасно, вели Битиќи

од Nikola Popovski
238 прегледи

Северна Македонија ја ужива целосната поддршка од Соединетите Американски Држави (САД) во нејзините напори за членство во Европската Унија (ЕУ), и ова јасно беше кажано на средбите што ги имав во САД со претставниците на Одделот за трговија, Одделот за финансии, Светската банка, ММФ, но и Стејт департментот.

Ова во интервју за Глас на Америка (ВОА) во Вашингтон, го изјави Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

„Сите до еден нè поддржуваат на патот кон европските интеграции. Сите имаат иста констатација дека Северна Македонија го заслужува местото во ЕУ и не денеска, туку многу порано. На нашите напори кон ЕУ, овде во Вашингтон, се гледа како голем исчекор наспроти другите земји на Западен Балкан”, изјави Битиќи.

За вицепремиерот Битиќи, најакутниот предизвик пред кој се наоѓа државата е блокадата за уставните измени, и за ова рече дека нема план Б.

„Северна Македонија нема план Б. Единствен план е интеграција во ЕУ. Подобро порано, отколку покасно. Се надевам дека сите чинители, сите партии ќе се освестат, дека со евентуална техничка измена во Уставот, не ја губиме битката кон одредени наши соседи”, изјави Битиќи.

Слични содржини