Една четвртина од Германците се всушност имигранти

од Nikola Popovski

Повеќе од една четвртина од населението во Германија се имигранти или имаат имигрантско потекло, според официјалните податоци за 2019 година, кои биле објавени денес.

Околу 21,2 милиони, или 26 проценти од вкупното население, има имигрантско потекло, според податоците за 2019 година, објави германското Федерално биро за статистика.

Тоа е пораст од 2,1 процент во однос на претходната година, објави Институтот, а пренесува АП.

Најголемата поединечна група, околу 13 проценти од сите луѓе со имигрантско потекло, се всушност Турците или имаат корени од таа земја, соопшти Федералното биро за статистика.

После нив следат луѓето кои се по потекло или имаат корени во Полска и Русија.

Вкупно 65% од сите имигранти во Германија имаат европски корени.

Во Германија, се смета дека некој има имигрантско потекло ако барем еден од неговите родители е роден надвор од Германија.

Околу 11,1 милиони луѓе или 51 процент со имигрантско потекло се родени во Германија.

Сè уште постои голема разлика помеѓу бројот на имигранти кои живеат во западниот и источниот дел на Германија.

Бремен во северозападна Германија има најголем процент од населението со имигрантско потекло – 36,5 проценти, додека во источната држава Тирингија има само 7,8 проценти од населението со имигрантско потекло.

Слични содржини