Една година од смртта на легендарниот Бата Живоиновиќ

од desk3

Една година од смртта на легендарниот глумец Велимир Бата Живоиновиќ. Великанот на српското глумиште почина на 22.05.2016 во Белград. 

Бата беше југословенски и српски театарски, телевизиски и филмски глумец. Најпознат е по улогите во партизнанските филмови поврзани со Втората светска војна. Еден од нив е и “Валтер го брани Сараево”.

На филмското платно дебатираше во 1955 година во филмот “Песна од Кубара”. Глумел во околу 350 филмови, меѓу кои и 17 каубојски филмови снимени во Германија за кои не се знае ништо. Снимаше и филмови во кои играл главни улоги на просторите на сите поранешни југословенски републики. Освен глумата, паралелно се занимаваше и со политика. Од почетокот на деведестите години на 20. век беше пратеник на Социјалистичката партија на Србија во неколку мандати. а 2002. година беше кандидат на СПС на неуспешните претседателски избори во Србија.

Слични содржини