Една лажичка за причестување, сериозен ризик за верниците

од Берта Китинска

И додека коронавирусот зема се поголем број на животи Црквата не отстапува од традициите за Велигден.

Лажичката за причесна беше актуелна лани, но и годинава таа пракса ќе остане запазена. Откако министерот за здравство Венко Филипче тбеше парашан на прес-конференција за тоа што мисли на најавите на свештените лице дека и оваа година ќе се практикува оваа традиција, тој рече дека ова би било голем ризик.

-Аапелирам тоа да не се прави. Ако има можност да се најде алтернатива или воопшто да не се прави. Впрочем и верските лидери на неколкуте наши заеднички состаноци прифатија да апелираат да се почитуваат мерките, сѐ што значи заштита на здравјето на граѓаните, вели Филипче.

Министерот информираше дека заедно со врските лидери на заедничката средба било посочено сите мерки и протоколи да бидат испочитувани за време на празниците.Тој подоцна во својот Фејсбук статус напиша дека неразбирливи се ставовите на Владиката Петар, а уште помалку реториката со која ги отфрла препораките за заштита од коронавирусот за време на велигденските празници.

-Почитуван Владико, како верски авторитет вие треба да бидете пример и први да застанете во заштита на здравјето на граѓаните. Вие први не треба да дозволите да ни се повторат грешките од минатото. Зачудува вашата негрижа за можните последици и ризиците кои ги носат одредени верски обичаи. Додека останатите верски институции во соседството и пошироко ги преземаат сите мерки прилагодувајќи ги обичаите, вие го правите спротивното. Моите лични напори да обезбедиме дијалог и заеднички став за тоа како да го заштитиме населението за време на празниците очигледно за вас ништо не значат. Сакам да ве потсетам дека во соработка со верските заедници, предложивме протоколи и мерки кои овозможуваат верниците да го прослават празникот намалувајќи ги ризиците од ширење на вирусот. Крајно разочарувачки за мене, но верувам и за многу граѓани е вашиот игнорантски однос кон овие обиди за соработка, но пред се кон безбедноста на граѓаните. Како што многу пати повторувам во последната година, битката со вирусот е заедничка и секоја алка во тој синџир на одговорност мора да функционира. Апелирам граѓаните да бидат максимално одговорни за време на празниците и да ги почитуваат мерките за заштита, напиша Филипче.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 152.002, бројката на оздравени пациенти е 132.171, на починати е 4.818, а бројот на активни случаи изнесува 15.013.

Слични содржини