Една од сестрите Кардашијан го напушта реалното шоу

Кортни Кардашијан изненади многумина кога откри дека се повлекува од реалното шоу „Keeping Up with the Kardashians“. Магазинот Hello пишува дека 40-годишната ѕвезда обзнанила дека се повлекува во интервју за Entertainment Tonight, снимано за хит-серијата.

– Едноставно одлучив дека сакам да поминам повеќе време како мајка и повеќето од својата енергија да ја вложам таму. Но не засекогаш/ Но мислам дека морате да видите повеќе во новата, 18 сезона. Се уште не се емитува, но се снима. Моментално, во оваа соба – објаснила најстарата сестра на кланот Кардашијан.

Нејзината сестра Клои исто така ги потврдила гласините.

– Дефинитивно сакаме Кортни да е таму и ќе ни недостасува, без разлика што ќе одлучи. Но луѓето доаѓат и си одат во ова семејство. Но чувствуваме дека тоа се лизгачки врати, така да Кортни може да си замине оваа недела, но ќе се врати. Сите се враќаат – додала познатата сестра.

Долго време се шушкаше дека Кортни ќе земе пауза од снимањата како би можела да помине повеќе време со своите деца кои ги има со пораншениот партнер Скор Дисик. Во 17. сезона која моментално се емитува, Кортни изјавила дека не би било голема работа доколку таа го напушти снимањето.

Кога Клои ја прашала дали би била среќна да заврши снимањето, Кортни ѝ одговорила: „Да! Кому му е гајле!“

Слични содржини