Една петтина од сите шверцувани цигари во ЕУ пристигнуваат преку Црна Гора

од Vladimir Zorba

Вицепремиерот и претседател на ГП УРА, Дритан Абазовиќ, изјави дека според оперативните податоци на странските безбедносни служби, околу 20 проценти од сите шверцувани цигари во ЕУ доаѓаат преку Црна Гора.

Во интервју за подгорички „Вијести“, тој рече дека започнало собирање докази во врска со шверц на цигари во земјата.

„Ме фрустрира тоа што луѓето кои се вклучени во овие случаи веќе 10-15 години, не можeле да ги добијат податоците што ги добивме за три месеци“, изјави Абазовиќ, пренесe Танјуг.

На прашањето кој стои зад шверцот и дали се испитуваат врските на претставниците од поранешната влада со тој бизнис, Абазовиќ одговори потврдно.

„Па тоа се врските на поранешната влада. Таа работа не можел да ја заврши некој што не бил близок со поранешниот режим. Сепак, мора да се спроведе доказната постапка … “, вели тој и додава дека не сака да прејудицира, нo мисли дека – ако Обвинителството конечно биде ослободено – многу луѓе кои извршувале важни функции во претходниот периодот ќе бидaт предмет на разни процеси.

Слични содржини