Една трагедија го одбележа животот на Ријалда Кадриќ

од Nikola Popovski

Југословенската актерка Ријалда Кадриќ, позната по улогата на Марија во филмската серија „Жикина династија“ почина денес на 58-годишна возраст, пренесе РТС. Во еден момент, актерката се преселила во Лондон, а нејзиниот живот го одбележала трагедија.

Имено, мајката на Ријалда почина ненадејно за време на војната што ја погоди Југославија во раните 90-ти, додека актерката била во Лондон на студии.

„Бев во Лондон за да ги подобрам моите јазични вештини. На 16 јануари 1991 година, кога започна Заливската војна, мајка ми ненадејно почина на улица во Белград. Седев во еден стан во Лондон, гледав вести, слушав почеток на војната, кога ја дознав веста. Аеродромот беше затворен и немав начин да се вратам дома. Бев многу приврзана за мајка ми, и бидејќи таа веќе ја немаше, а војната во поранешна Југославија се ширеше низ целата земја, решив да се вратам во Лондон и да започнам нов живот таму“, изјавила еднаш Ријалда.

На само 13 години, актерката доби улога во „Жикина династија“, а за тоа искуство зборуваше јавно.

„За првпат во животот се бакнав пред филмска камера и, се разбира, дека тука се правев зрела, бидејќи сакав да покажам дека знам се. Не советувам, обидете се без филмски камери“, рекла таа низ смеа во тоа време и додала:

„Фактот дека можеби изгледав позрело или дека некое дете денес уште може да делува позрело или интелектуално, не значи дека тоа може да се испрати емоционално“, изјавила актерката.

Слични содржини