Една жена почина во тешка сообраќајка во тунел меѓу Гевгелија и Неготино

од Nikola Popovski

Жена од Неготино починала после тешката сообраќајна несреќа која се случила утринава кај тунелот Т1 на делницата Гевгелија – Неготино, јавуваат од МВР.

Според полицијата, почината е 47-годишната Т.П.П. од Неготино, која управувала со возилото кое излетало од патот.

Како што информираат од полицијата, 47-годишната жена управувала со патничко возило ,,Фолксваген”, изгубила контрола и излетала од патот, при што возилото се превртело на покривот.

Поради сообраќајката во прекин е сообраќајот на овој патен правец и се врши увид на местото на настанот.

Слични содржини