Eдни ќе протестираат против полициската бруталност, други ќе си ги бранат колегите

од Aleksandar Petrovski

За денеска напладне во Битола граѓански организации најавија протест против полициската бруталност, а повод е завчерашниот инцидент во кој полицајци претепаа тројца битолчани од ромска националност што претходно предизвикале сообраќајка.

 

Другиот протест е закажан за во среда за поддршка на полициските службеници кои беа суспендирани откако на социјалните мрежи се појави видео како тепаат граѓани.

За поддршка на полицајците ќе се маршира в среда, почнувајќи од Широк сокак, по што протестирачите ќе се упатат кон СВР Битола и Јавноот обвинителство. На овој протест ќе се бара повлекување на кривичните пријави и дисциплинските постапки против полициските службеници.

Слични содржини