Eдно лице е убиено во пукање на универзитет во САД

од Milan1

Едно лице е убиено, а седум други се повредени во пукање на Универзитетот Грамблинг во Луизијана. Тоа е втор таков фатален инцидент во кампусот за помалку од една недела, соопшти универзитетот.

Еден од повредените е студент на универзитет, додека другите не се, објави универзитетот на Твитер. Пукањето се случи вчера, околу еден часот по полноќ.

Часовите на тој универзитет се откажани денеска и утре, а полициски час е воведен во кампусот од 21:30 часот до 6:00 часот наутро по локално време до дополнително известување. Пукањето се случи само неколку дена откако едно лице, кое не е студент, пукало и смртно рани друго лице, кое исто така не е студент, пред зградата на студентското здружение Фаврот, објави Универзитетот Грамблинг. Инцидентот, исто така, се случи околу еден по полноќ.

Слични содржини