Едно лице потешко повредено во сообраќајка на патот Неготино-Кавадарци

од Milan1

Во сообраќајна несреќа што се случила синоќа околу 20.30 часот, на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, едно лице се здобило со потешки телесни повреди, додека три други лица се полесно повредени.

Сообраќајката се случила помеѓу патничко возило „ауди”, управувано од Д.П.(28), патничко возило „фолксваген голф”, управувано од М.П.(32) и патничко возило „ауди”, управувано од М.Р.(22), сите со неготински регистарски ознаки.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот М.П., а нејзиниот сопатник С.П.(30), возачот М.Р. и сопатничката Т.М.(25), се здобиле со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино. Бил извршен увид на местото на незгодата, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Слични содржини