Едно лице загина, 204 се повредени од пиротехнички средства во Италија

од Aleksandar Petrovski

Едно лице загина, а 204 се повредени од употреба на пиротехнички средства за време на новогодишната ноќ во Италија.

Меѓу повредените, 38 лица завршиле во болница, а 11 од нив се здобиле со тешки повреди.

Минатата година 216 лица беа повредени при користење такви средства.

Повеќе од 50 лица се уапсени поради поседување или продажба на пиротехнички средства.

Во Италија за време на празниците се запленети околу 70 тони пиротехника.

Слични содржини