Едно лице загина по сообраќјна незгода која се случи на патот Маврово – Дебар, а три лица се тешко повредени и се пренесени на скопските клиники.

Како што информира СВР Тетово, незгодата се случила попладнево околу 16:00 часот.

Во близина на Ростушки мост се судриле патничко моторно возило „хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал А. Ѓ. (68) од Скопје и товарно возило со српски ознаки, што го управувал Љ. Д. (52) од Панчево, Србија.

Од првичните информации на полицијата, во несреќата, возачот на патничкото возило починал на самото место, а тројца сопатници на возраст од 26, 30 и 34 години, пренесени се во Скопје за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата увид вршат Јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар.

Слични содржини