Најмалку едно лице е убиено откако било удрено од полициско возило, а десетици се повредени во судирите меѓу полицијата и демонстрантите во Белорусија, изјави денеска претставникот на групата за човекови права „Spring 96“, Валентин Стефановиќ.

Тој рече дека најмалку 120 лица биле уапсени, пренесува Ројтерс.

Откако беа објавени резултатите од претседателските избори на кои Александар Лукашенко го доби шестиот мандат, илјадници белоруски граѓани излегоа на улиците низ целата земја.

Во таа прилика се случи судир со полицијата, која користеше шок-бомби, солзавец и водени топови.

Ова беа шести претседателски избори во Белорусија од прогласувањето независност во 1991 година.

Според првичните информации од скоро сите избирачки места, Александар Лукашенко освоил над 80 проценти од гласовите за новиот мандат на Претседател на Белорусија, објави претседателот на Централната изборна комисија, Лидија Јермошина.

Слични содржини