Едно лице загина во сообраќајна несреќа на патот Радовиш – Штип, има и повредени

од Nikola Popovski
Синоќа, на магистралниот пат Радовиш – Штип, во близина на клучката за с. Љуботен, се случила сообраќајна незгода, при што едно лице го загуби животот.

Според информациите од МВР, во несреќата учествувале три возила, „опел корса“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(33) од Кочани,  „пежо 206“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од М.Р.(28) од Радовиш и патничко возило „мерцедес“, со штипски регистарски ознаки, управувано од А.Т.(40) од Кочани.

Во несреќата починало едно лице, сопатник во „опел корсата“, додека возачот се здобил со тешки телесни повреди, а двајца сопатници со телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Штип и Јавен обвинител.

Слични содржини