Едно парче содржи 200 калории: Направете го овој диетален чоколаден колач!

од desk2

Кога еднаш ќе го пробате овој десерт, сигурно секогаш ќе го правите

Комбинацијата од чоколадо и торта на многумина им е омилен десерт, но ваквото уживање честопати е преполно со шеќер и празни калории. Ако сакате да ја пробате експресната лесна верзија на популарниот десерт, направете диетален чоколаден колач.

Потребни состојки:
Прва група

¾ шолји брашно
1 шолја шеќер (подобро да користите кафеав или кокосов)
2 полни лажици какао во прав
1 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво
¾ лажици сода бикарбона

Втора група

1 јајце
½ шолја млеко
2 лажици масло
1 лажичка екстракт од ванила
½ шолја вода

Начин на подготовка:
Во сад ставете ја првата група состојки (брашно, шеќер, какао, сол, прашок за печиво и сода бикарбона).
Во посебен сад измешајте ги состојките од втората група, додајте ги во првата, сето тоа добро изматете го додека не добиете изедначена смеса.
Загрејте половина шолја вода и кога ќе зоврие, додајте ја во смесата, па сето тоа добро измешајте го.
Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови, истурете ја смесата во калап и печете околу 30-40 минути.
Исечете го колачот на 12 резанки, па кога ќе се излади, послужете ги. Секое парче содржи по 200 калории, па така не може да ја контролирате нивната консумација.

Слични содржини