Едногодишно дете, пациент на Филипче, издржа тешка операција: „Зоран е храбар борец“

од Vladimir Zorba

Поранешниот министер за здравство и познат неврохирург Венко Филипче, објави слика од едногодишно момче кое поминало тешка операција.

„Едногодишниот Зоран е храбар борец. Неговата убава насмевка денеска ја исполни со позитивна енергија целата Клиника за неврохирургија. Зоран успешно се избори со една тешка операција и сега се чувствува добро. Му посакувам многу здравје, палави и среќни детски денови“, напиша Филипче на фејсбук.

Фотографијата е направена и објавена со дозвола на родителот.

Слични содржини