Еднократната американска вакцина се тестира на 60.000 луѓе

од Stefanija Kuzmanovska

Првата eднократната вакцина против коронавирус влезе во последната фаза на тестирање во САД во меѓународното испитување кое ќе регрутира до 60.000 учесници.

Експерименталната вакцина, развиена од фармацевтскиот гигант Johnson & Johnson, е четвртата вакцина која влегува во големи испитувања на фазата три во САД за да се утврди дали е ефикасна и безбедна. Пол Стофелс од компанијата Johnson & Johnson предвиде дека тој веројатно ќе има доволно податоци и успех до крајот на оваа година и рече дека следната година планираат да произведат милијарда дози.

Компанијата тестира една доза на вакцина, додека на другите кои се тестираат во САД им треба и втора доза три до четири недели по првата, за да предизвикаат заштитен имунолошки одговор. Исто така, вакцината J&J може да се чува во течна форма во фрижидер три месеци, додека другите кои се тестираат мора да бидат замрзнати или чувани на многу ниски температури.

„Еднократната вакцина, доколку е безбедна и ефикасна, ќе има значителни логистички придобивки за глобална контрола на пандемијата“, рече Дан Барух, директор на Центарот за вирусологија и вакцини во Медицинскиот центар Бет Израел Диконес во Бостон, кој соработува со Johnson & Johnson.

Слични содржини