Едноставни трикови за слабеење без многу труд

од Stefanija Kuzmanovska

Без оглед како се обидувате да изгубите тежина, факт е дека прифаќањето нов начин на живот за да изгубите тежина не е секогаш толку лесно.

За успешно да се подржите самите себе, за почеток можете да видите кои се советите и триковите за едноставни начини за губење тежина без многу труд.

Мијте ги забите веднаш по оброкот: Ако сте некој што јаде „онака“ неколку пати, особено навечер, ова е пригоден совет за вас, бидејќи миењето на забите после јадење може да спречи да посегнете по дополнителни калории. Ова дефинитивно е дел од вашата рутина и лесен начин да изгубите тежина без премногу напор.

Направете да изгледа како да има многу повеќе храна во чинијата: Никогаш не ја потценувајте моќта на самоизмама кога станува збор за слабеење. Според експертите, еден од најлесните начини да се измамите и да јадете помалку е да ја распоредите храната така што да изгледа како да има многу повеќе на чинијата отколку што всушност има. Ова можете да го примените и кога се во прашање слатките, па да ги јадете умерено, а сепак да уживате во нив.

Направете пауза после изедени две третини од оброкот: Ова е изненадувачки ефикасно и не бара дополнително време или вежбање. Јадете прво две третини од оброкот, а потоа почекајте 15 минути пред да одлучите дали ќе го земете остатокот. Ако сте гладни и по 15 минути, завршете го оброкот. Ако не сте, ќе заштедите многу калории. Ова е навистина многу едноставен начин да изгубите тежина без да се трудите премногу.

Прочитајте го менито на ресторанот пред да излезете од дома: Ако не јадете дома, одвојте време да ја погледнете понудата на ресторанот и да одлучите што да јадете, така што кога ќе стигнете таму, да нема потреба да го отворате менито. Изберете предјадење, главно јадење и десерт според вашиот план на исхрана. На овој начин лесно можете да изгубите тежина и да уживате во излегувањето без премногу напор.

Јадете ја вечерата на чинија за салата: Вклучете ја самоизмамата како лесен начин за слабеење, бидејќи не бара премногу напор и дава одлични резултати. Користете чинија за салата наместо вообичаена, бидејќи понекогаш гледањето полна чинија може да го измами умот и да создаде чувство на ситост многу порано.

Направете уште поголема мотивација за себе: Ќе успеете да изгубите тежина само ако вашата цел е сериозна и одржлива. Нека мотивацијата биде подлабока за подолгорочни промени. Тоа е уште еден лесен начин да изгубите тежина без да се обидете премногу – само треба искрено да го сакате тоа.

loading...

Слични содржини