Едштадлер: Австрија може да посредува во решавањето на спорот помеѓу С. Македонија и Бугарија

од Andreja Salpe

Австриската министерка за Европа и Устав, Каролине Едштадлер, при денешната посета на Скопје, на заедничката прес-конференција со вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров рече дека Австрија дава понуда да биде посредник во надминувањето на спорот помеѓу Македонија и Бугарија за откочување на европерспективата на нашата земја.

– Сакам да ја истакнам понудата на Австрија да посредуваме во решавањето на спорот. Сега се работи за ништо помалку од нашата заедничка иднина. Сега кога се ближи 9 Мај – Денот на Европа, да ги вградиме земјите од Западен Балкан во дијалогот. Интеграцијата да се забрза и да се даде перспектива . Затоа Австрија сака како партнер на земјите од Западен Балкан да ја игра оваа улога, знаејќи дека на европско ниво треба уште некои работи да се дозавршат за дијалогот да продолжи, истакна Едштадлер.

loading...

Слични содржини