ЕФЈ: Да се ​​гарантира безбедноста на новинарите кои известуваат од теренот во Косово

од Radmila Tasevska

Европската федерација на новинари предупреди на се почестите закани кон новинарите и медиумските работници кои известуваат за тензиите меѓу Србија и Косово, потсетувајќи дека во декември на северот на Косово се случија шест напади врз медиумите, пренесува РТК.

Во објава на Твитер, ЕФЈ се приклучи на барањата на Здружението на новинари во Косово, надлежните органи, вклучително и Мисијата на ЕУЛЕКС, КФОР и полицијата, да преземат соодветни мерки за да се гарантира безбедноста на новинарите кои известуваат од терен.

Слични содржини