Ефремова му ги предаде акредитивните писма на Папата Франциско

Амбасадорката на С.Македонија во Италија, Марија Ефремова, му ги предаде акредитивните писма на Папата Франциско, со кои се назначува за вонреден и ополномоштен амбасадор при Светата столица, со седиште во Ватикан.

Во оваа прилика, амбасадорката Ефремова, ги пренесе поздравите од претседателот Пендаровски и претставниците на државниот врв. Потоа следеше вообичаената размена на подароци, а веднаш потоа и приватна аудиенција на амбасадор Ефремова со Папата Франческо, каде беа дискутирани актуелните теми во билатералните односи, случувањата во регионот и други актуелни прашања.

Инаку согласно ватиканскиот протокол, амбасадор Ефремова, на свечената церемонија во апостолската палата во Ватикан беше придружувана од семејството, сопругот д-р Димитар Ефремов и синот д-р Кристиан Ефремов, како и од вработените во амбасадата, првиот секретар Александар Спирковски и асистент Тамара Кавракова.

Слични содржини