Ефтов: Левица покажа дека е приврзок на ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Васков Ефтов, анализирајќи ги случувањата околу вчерашниот протест за одбрана на „уставобранителите“ и нивно ослободување од затвор поради насилствата во Собранието на 27 април 2017 година во својата емисија „Во Центар“, изјави дека Левица имала историска шанса да се дистанцира од ВМРО-ДПМНЕ, но на крај покажала дека се само нејзин приврзок.

– Левица имаше две шанси да се дистанцира од ВМРО-ДПМНЕ и двете шанси ги промашува. Првата можност беа локалните избори во Штип, и да истрчаше Левица на тие избори ќе можеше да се промовира како замена за ВМРО-ДПМНЕ, а втората беа вчерашните протести. Левица дава некое „ни риба, ни девојка“ соопштение и ги поддржува протестите, но остава на нивните членови дали ќе учествуваат на нив. Два пати левица имаше историска шанса не само да се дистанцира од ВМРО-ДПМНЕ туку да покаже дека е партија која е способна да им застане и на патот и на ВМРО-ДПМНЕ, и на СДСМ. Во две ситуации, Левица покажа дека е приврзок на ВМРО-ДПМНЕ, вели Ефтов.

Слични содржини