Египет, Јордан, Франција и Германија заеднички го предупредија Израел

од Stefanija Kuzmanovska

Министрите за надворешни работи на Египет, Јордан, Франција и Германија заеднички изјавија дека тие се спротивставуваат на планот на Израел за еднострано анексирање на делови од Западниот Брег, предупредувајќи дека ваквиот потег може да го дестабилизира регионот и да влијае негативно на билатералните односи со еврејската држава, пренесе „Н1“.

„Се согласуваме дека секоја анексија на палестинските територии окупирани во 1967 година ќе биде кршење на меѓународното право и ќе ги загрози темелите на мировниот процес Нема да принаеме никакви промени на границите од 1967 година за кои нема договор од страните во конфликтот“, наведоа министрите Самех Шукри од Египет, Ајман ал-Сафади од Јордан, Жан-Ив ле Дријан од Франција и Хајко Мас од Германија по видео-дискусија.

Тие, исто така, се согласија дека ваквиот потег ќе има „сериозни последици по безбедноста и стабилноста на регионот и ќе претставува голема пречка за напорите за постигнување на сеопфатен и праведен мир“, а исто така може да има и последици за односите со Израел.

Израелските медиуми пренесуваат дека ова е првпат Каиро официјално да предупредува на ваквите последици од анекцијата.

Слични содржини