Египет во улога на посредник: Лавров потврди дека преку Каиро ја примил пораката на Блинкен

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лаворов потврди дека пораката од американскиот државен секретар Антони Блинкен ја добил преку посредник, односно египетскиот министер за надворешни работи.

Лавров во разговор за медиумите изјави дека постои одредена комуникација меѓу американските и руските претставници и дека таа се одвива и преку посредници.

„Министерот за надворешни работи на Египет рече дека пренесе одредена порака од државниот секретар Блинкен, кој неодамна го посети Каиро. Можам да го потврдам тоа. Русија е подготвена да го сослуша секој сериозен предлог чија цел е да се реши целата ситуација во сеопфатен контекст“, рече Лавров.

Сепак, Лавров истакна дека Блинкен не пренел одредени работи преку египетскиот министер за надворешни работи.

„Недостасува вториот дел од апелот, односно вистинскиот интерес на САД и Западот. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека Русија мора да загуби и да биде поразена, а исто така нагласи дека Западот не може да дозволи пораз на Украина бидејќи тогаш ќе го изгуби целиот свет. Овде очигледно воопшто не зборуваме за Украина. Режимот во Киев нема независност, тој ја исполнува волјата на САД“, рече Лавров.

Слични содржини