Егзистенцијалните стравови растат заради коронавирусот

од Aleksandar Petrovski

Изолација, грижа за пари и немоќ се секојдневие на бројни Американци од почетокот на епидемијата. научниците се загрижени – бројот на самоубиства и конзумирање на дрога се зголемува. Стравот од невработеност расте во Германија.

Познато е дека глобалната зараза доведе и до зголемување на психичкото оптеретување кај луѓето. најмногу се погодени луѓето кои и пред пандемијата имаа проблеми со психичкото здравје.

Една од нив е и Џеј, триесетгодишна мајка. Пред десетина дена добила ретка хормонска болест и од тогаш два пати се обидела да се убие. За првата програма на германскиот канал АРД вели дека помислата за самоубиство и се вратила со појавата за епидемија. Добила и симптоми кои укажуваат на зараза од коронавирус.

Постоеше само едно место на кое можев да се тестирам. Не знаев дали ќе ме примат а се чуствував дека сум болна и под стрес. Потоа одеднаш се појавија тие мисли за самоубиство.
Губење работа

Овие недели многу Американци чуствуваат очај и немоќ. Во бројни држави полицискиот час е на сила од средината на март. Невработеноста е на рекордно ниво. Освен тоа луѓето се несигурни и загрижени за иднината. Американските научници во едно истражување проценуваат дека во наредните години 75.000 Американци дополнително ќе си го одземат животот или ќе умрат од злоупотреба на опојни средства.

Џеј Вестфол е директор на центарот Роберт Грејем. Учествувал во наведеното истражување. Тој вели дека егзистенцијалните стравови поврзани со губењето на работа најчесто доведуваат до самоубиства и додава: Вториот фактор е социјална изолација. Во овој облик не сме ја имале во САД ниту било каде на друго место. Познато ни е дека социјалната изолација доведува до психички пореметувања и го зголемува бројот на самоубиства и злоупотреба на дрога.

Насилство во куќа

Раширен е и стравот на луѓето да не оболи некој од нивното семејство. Стручњаците велат дека сите луѓе се зафатени со последиците на пандемијата, но посебно чуствителни се лицата со ниско социо-економски статус кои брзо остануваат без работа.

На телефонските линии кои се отворени за давање први психолошки совети овие денови владее вистинска навала. Ненси лабин која работи за една таква служба за Си-Ен-Ен изјави дека расте насилството во домот за цели 78 отсто, а сексуалното злоставување за 44 отсто. На сето тоа се зголемило и злоупотребата на дрогата и депресијата.
Вестфол бара американската влада да вложи повеќе пари во здравјето на граѓаните. Една од идеите е пристап до интернет за сите за луѓето барем преку интернтет да бидат поврзани, но и понуди за терапија или психолошка помош. Важно е како што вели Весфол да се сочуваат социјалните врски меѓу луѓето со почитување на пропишаната физичка дистанца.
Германски стравови

Од другата стран на океанот во Германија луѓето се загрижени заради слични работи. Пропишаните мерки доведуваат до извесно отуѓување. Германскиот психијатар Ирис хаут вели физичката дистанца со носење маска сосем сигурно менува како ние ги гледаме другите и како тие не гледаат нас, бидејќи не комуницираме само вербално туку и гестикулираме и имаме мимика: Ништо од тоа повеќе не можеме да дознаеме заради одалеченоста и маските, па не можеме да ја препознаеме емотивната состојба на другиот човек, вели таа за Франкфуртер рундшау.

Психологот и стратегот за пазар Штефан Гриневалд за радио Дојландфунк изјави дека за разлика од првата фаза во која преовладувало страв од заразата сега на површина испливуваат егзистенцијалните стравови – од губење на работата, пропаѓање на фирмата и сл. „Веќе сега имаме десет милиони луѓе со скратена работа. Постои опасност голем број од тие да останат без работа “, вели Гриневалд.

Како што наведува Германската лига за борба против депресија, околу пет милиони германски граѓани пред избивањето на пандемијата боледувале од депресија – бројката се однесува на 2017 година. А според истиот извор – германскиот статистички завод таа година биле извршени 9.235 Германци. Најчеста причина е депресијата. Тие бројки го покажуваат размерот на проблемот кој се заострува во вонредни околности. Освен тоа, друштвото се повеќе се поларизира на оние кои добро се прилагодиле на мерките и оние на кои им е преку глава и ги сметаат неодржливи.

Сето ова говори дека грижите и стравовите на Американците, Германците , но и повеќето луѓе на планетата се многу слични. И дека најосетливите меѓу нив им треба поддршка за егзистенцијалните стравови да не ги повлечат во вртлогот.

Слични содржини