Егзодус од Југоисточна Европа – земјите ја губат битката со одливот на „мозоци“

од Vladimir Zorba

Стотици илјади луѓе од јужна Европа ја напуштиле својата татковина во правец Западна Европа, вели Дојче Веле. Компаниите се воздржуваат од инвестирање, бидејќи нема персонал. Германија добива од сето тоа.

„Ние сме нација која е на пат да исчезне“, се жали шефот на романската компанија „Каларфул“, која се занимава со пронаоѓање на специјалисти, Маријан Хангану за егзодусот на млади луѓе од земјата.

„Резултатот е дека многу мултинационални компании одлучија да не инвестираат повеќе во Романија, бидејќи нема персонал“, додава тој.

Слична е и ситуацијата во соседна Бугарија. „Економијата почнува да се откажува од договорите бидејќи нема кадри“, изјави пред бугарска телевизија Емил Караниколов, министер за економија. Многу луѓе од Југоисточна Европа заминуваат за Германија, Италија или Шпанија. Платите во земјата се зголемуваат, но во помала мера.

Загрижени се компании, експерти и политичари од Будимпешта до Атина. Токму атрактивните за пазарот на трудот млади, добро образовани луѓе ги напуштаат своите матични земји. Квалификувани кадри недостасуваат насекаде.

Повеќе од два милиони Романци, според владините податоци, живеат во странство, најмногу во Шпанија и Италија. Ситуацијата во соседните земји е сличен. Повеќе од 700.000 Бугари, според официјалните податоци, нашле нов дом во некои земји од ЕУ. Според студијата на Народната банка на Загреб, вкупно 230.000 луѓе во ЕУ мигрирале од Хрватска во периодот 2013-2016 година. Тоа се 2% од населението годишно. Од Грција, од почетокот на финансиската криза, во 2010 година, според синдикалните предвидувања, најмалку 400.000 претежно млади луѓе заминале.

Дури и во Унгарија, која досега била една од најразвиените земји во регионот по глобалната криза во 2008 година, се забележува бран на миграција, која се засилува од 2010 година, според социологот Агнес Харс од Будимпешта. Од 2010 до 2017 година, повеќе од 200.000 Унгарци на возраст од 20 до 65 години ја напуштаат земјата, а Унгарија е земјата одкоја најмногу се „бега“ во поновите земји-членки на ЕУ. Од 2010 година, во Унгарија владее националистичкиот политичар Виктор Орбан.

Одлуката на Кристина Миху да се пресели во Германија била лесна. Таа студирала германски како втор странски јазик во училиште во Дева, во романската провинција Трансилванија. За време на студиите во Темишвар, нејзините родители ја помогнале финансиски за три стажа во Италија, Шпанија и Хајделберг.

„Сакав да имам меѓународно искуство“, вели 32-годишната лекарка, која работела на клиниката во Нирнберг. Таа живее таму шест години. Покрај можностите за подобар приход, една од причините за овој потег е распространетата корупција во здравствениот систем во Романија. „Тоа ми пречеше, иако ситуацијата порано беше уште полоша“, вели Миху.

Меѓутоа, во Југоисточна Европа недостигот на лекари и негуватели е широко распространет проблем. Во унгарскиот град Шенк, инфективното одделение мораше да биде привремено затворено. Окружната болница во романскиот град Тулчеа веќе нема анестезиолози, бидејќи тројцата кои работеле таму заминале, а едниот се разболел.

Романските бизнисмени се обидуваат да привлечат персонал од Далечниот Исток за да го пополнат јазот во понудата и побарувачката. Владата за оваа година назначи контингент од 20.000 работници што не се членки на ЕУ. Но, според Хангану, ова е само игла во сено.

Во Романија недостасуваат најмалку 300.000 луѓе работна сила. Соработката со гастарбајтери од Блискиот Исток често доживува неуспех, бидејќи многу од нив неможат да ја издржат климата и храната во Романија, вели Андреа Тартакан, колега на Хангану.

„Ние се обидуваме барем за градежниот сектор да најдеме работници од Таџикистан. Тие се физички потрајни од виетнамските работници, бидејќи доаѓаат од степски области“, вели експертот.

Во Бугарија има гастербајтери, иако не толку колку во Романија. Во туристичките области на Црното Море има келнери и сервисен персонал од Украина, Белорусија и Молдавија.

Западната политика се чини дека се повеќе станува магнет за миграција. Во сиромашното Косово, германскиот министер за здравство Јенс Спан неодамна го посети училиштето каде што се обучуваат кадри за Германија. А престижната германска школа во Призрен е појдовна точка за имиграција. На одреден број дипломирани во средно образование од секоја наредна генерација им се нуди договор за понатамошно образование во Германија. Ретко по обуката, некои од нив се вратиле во Косово.

Институтот за истражување на пазарот на труд и професии во Нирнберг смета дека Германија има корист од доселениците од Југоисточна Европа.

„Ова се претежно млади луѓе, квотата на вработените е речиси споредлива со онаа на Германците“, вели Херберт Бринкнер од Институтот.

„Во некои индустрии, како градежништвото и угостителството би било тешко без нив, бидејќи ретко се наоѓа Германец за истата позиција“, вели Брикнер, додавајќи: „Нема конкуренција во овие сектори“.

Слични содржини