ЕХФ: Дувњак е најдобар ракометар на ЕП 2020

од Vladimir Zorba

Домагој Дувњак е прогласен за најдобар ракометар на 14. Европско првенство што завршува попладнево со големото финале меѓу Шпанија и Хрватска.

Лидерот на „коцкестите“ постигна 31 погодок во осумте настапи за националниот тим на континенталниот турнир и забележа 69 отсто прецизност во ударите кон противничкиот гол.

Дувњак беше непогрешлив и од линијата за седум метри. Ги погоди сите шест пенали за кои презеде одговорност како изведувач, направи 11 асистенции, „украде“ седум топки и постави две блокади.

Во 2006 година беше прогласен за МВП и на младинското Европското првенство на кое ја предводеше Хрватска до златниот медал.

Слични содржини