ЕК од Полска бара да ги почитува одлуките на Судот на правдата на ЕУ, во спротивно следат финансиски санкции

од desk4

Додека полскиот Уставен суд ги отфрли мерките на Судот на правдата на ЕУ, експерти велат дека „Ова ќе има далекусежни импликации“. Европската комисија вчера од Полска побара да ја следи одлуката на Судот на правдата на ЕУ и да ги прекине активностите на Дисциплинскиот совет до 16 август, во спротивно и се закануваат финансиски санкции.

„Правото на ЕУ е супериорено во однос на националното. Сите одлуки на Судот на правдата на ЕУ се обврзувачки и нема компромис за тоа “, рече потпретседателот на европската Комисијата Вера Јурова.

„Ќе побараме финансиски санкции доколку ситуацијата не се реши до 16 август“, додаде Јурова.

На 14 јули, Судот на ЕУ и наложи на Полска веднаш да ги прекине активностите на Дисциплинскиот совет, нова институција основана како дел од реформите во судството.

Судот на правдата утврди дека непристрасноста и независноста на новиот дисциплински одбор не се доволно загарантирани и дека нема заштита од директно или индиректно влијание на извршната власт и законодавната власт.

Полскиот Уставен суд не се согласува со оваа одлука, притоа наведувајќи дека привремената мерка издадена од Судот на правдата на ЕУ не е во согласност со полскиот Устав.

Одлуката на полскиот Уставен суд да не ја почитува одлуката на Судот на правдата на ЕУ многумина ја означуваат како прв чекор кон можноста за излез на Полска од ЕУ.

Слични содржини