ЕК: ЕУ треба да заземе заеднички став за влезот на Русите во земјите на Унијата

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија треба да заземе заеднички став за барањата за влез на нејзина територија на граѓаните на Русија кои бегаат од својата земја поради војната во Украина, соопшти денеска Европската комисија.

Според извештаите, земјите-членки на ЕУ ќе мора да ги оценуваат барањата „од случај до случај“, земајќи ги предвид основните права и правните процедури за азил, објави „Ројтерс“.

Портпаролот на ЕК, Петер Стано, изјави дека многу Руси се обидуваат да ја напуштат земјата откако рускиот претседател Владимир Путин вчера најави делумна мобилизација.

Слични содржини