ЕК и Португалија се надеваат дека до јули ќе почнат преговорите со С.Македонија

од Vladimir Zorba

Потпретседателот на Европската комисија, Марош Шефчович и претставникот на претседателството на португалскиот совет, Ана Закаријаш изразија надеж денес дека разговорите за проширување со Република Северна Македонија (РСМ) и Албанија ќе започнат до јули.

„Сите земји на ЕУ би сакале да видат напредок, претседателството разговара за ова прашање со властите во Софија и Скопје со поддршка на ЕК“, рече Закаријаш.

„Бугарија штотуку имаше избори и ние ќе продолжиме со разговорите за да видиме дали можеме да го постигнеме она што го очекуваме за време на претседателството – почетоко на преговорите со двете земји“, додаде таа.

Закаријаш рече дека Советот на ЕУ повторно ќе разговара за ова прашање во јуни.

Шефчович изрази надеж за напредок наскоро и рече дека ЕК очекува да се одобри рамката за преговори за Скопје и Тирана. Тој додаде дека според ЕК, Скопје ги исполнува сите потребни услови за започнување на преговорите.

Како што објави БТА, претходно денес постојаниот бугарски претставник во ЕУ амбасадорот Димитар Цанчев споделил на учесниците на онлајн состанокот на Советот за општи работи дека според Бугарија, „Скопје не го исполнува договорот за соседство“.

„Ние ја поддржуваме политиката на проширување на ЕУ во строго почитување на сите критериуми“, додаде тој.

Според него, Бугарија останува подготвена за дијалог.

Слични содржини