ЕК: Исплатени дополнителни 1,5 милијарди евра помош за Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија соопшти дека денеска ја исплатила втората рата од 1,5 милијарди евра, во рамки на вкупната макрофинансиска помош за Украина до 18 милијарди евра.

„Денешната втора исплата на Украина од 1,5 милијарди евра ја покажува силната поддршка на ЕУ за Украина. Земјата постигна значителен напредок во трансформативните реформи, како што е владеењето на правото. Ова исто така ќе ги олесни меѓународните напори за обнова и ќе ја поддржи Украина на нејзиниот европски пат“, рече претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен.

Оваа поддршка, наведува ЕК, ќе ѝ помогне на Украина да продолжи да исплаќа плати и пензии и да ги одржува основните јавни услуги, како што се болниците, училиштата и домувањето за раселените лица.

Слични содржини