ЕК нарача 10.000 лекови за третман на мајмунски сипаници

од Stefanija Kuzmanovska

Европската Комисија (ЕК) купи 10 илјади лекови за лекување на мајмунска сипаница со тековиримат, соопштија оттаму денеска.

„Трендот на намалување на бројот на случаи на мајмунски сипаници во Европската унија е охрабрувачки, но тоа не значи дека заканата помина или дека можеме да ја ублажиме нашата претпазливост“, рече комесарката за здравство на ЕК, Стела Киријакидес.

Речиси 20.000 случаи на мајмунски сипаници се регистрирани во Европската унија, Исланд и Норвешка од почетокот на актуелната епидемија, но бројот на нови случаи опаѓа во последните недели, покажуваат податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести (ECDC).

„Со овие лекови ќе им помогнеме на земјите-членки да ги задоволат тековните потреби и да обезбедат грижа за повеќе пациенти во Европа“, рече Киријакидес.

Членките на Европската унија и другите земји кои се дел од Механизмот за цивилна заштита ќе можат да пристапат до лековите.

Слични содржини