ЕК не гледа ништо спорно во тоа Орбан да преземе целосна контрола

од Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија (ЕК) не гледа причина за покренување постапка против Унгарија досега околу новиот закон со кој му се дава на премиерот моќ да управува со извршни уредби, но внимателно ќе го следи нивното спроведување, рече во средата потпретседателот на ЕК, Вера Јурова.


„Ние внимателно го проучувавме унгарскиот закон за вонредна состојба и тој сам по себе не дава причина да покренеме постапка за прекршување на правото на ЕУ. Гледаме дека унгарската влада користи многу широки дискрециони овластувања“, рече Јуровa.

На крајот на март, унгарскиот парламент донесе закон за вонредна состојба, кој му дава на премиерот Виктор Орбан моќ да владее без временски рок. Законот, исто така, наметнува високи затворски казни за секој што се меша во примената на мерките или шири лажни информации.

Јурова вели дека ЕК внимателно го следи спроведувањето на законот и треба да се прочита „во специфичен контекст“ затоа што дури и пред пандемијата, Комисијата имаше приговори во однос на рамнотежата на моќта, слободата на говорот, плуралното мислење, граѓанското општество.

„Ние целосно разбравме дека вонредната состојба бара итни решенија. Но, тоа не значи дека парламентарната контрола, уставот или слободата на медиумите треба да бидат укинати“, рече Јуроa.

Слични содржини