ЕК не ја коментира аферата со фалсификуваните пасоши, но одговорот лежи во новиот извештај?

Европската Комисија потсети дека постојано се врши контрола на критериумите потребни за безвизниот режим, иако не ја коментираше аферата со фалсификуваните пасоши во С.Македонија, пренесува МИА.

Оттаму, Европската Комисија уште еднаш потенцираше дека безбедноста на личните документи е клучна, но како што се споменува, не е коментирана евентуалната ситуација, С.Македонија да го загуби безвизниот режим со ЕУ поради аферата со пасошите која е актуелна во изминативе денови.

„Она што можеме да го кажеме е дека прашањето за безбедноста на документите е еден од условите за либерализација на визниот режим, според кој земјите ослободени од визи имаат обврска да ги усвојат и имплементираат соодветните административни мерки“, велат од службата на ЕК за МИА.

Исто така, од ЕК велат и дека секоја година се доставува извештај за овие критериуми во секоја земја која припаѓа на овој безвизен режим. Затоа, додека не пристигне ваквиот нов извештај за нашата земја, не би можеле да знаеме каков ќе биде исходот од одлуката.

Слични содржини