ЕК одобри помош од 800 милиони евра за помош на туристичкиот сектор на Грција

од Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија одобри помош од 800 милиони евра на Грција, наменета за поддршка на туристички компании погодени сериозно од епидемијата на ковид-19.

„Пандемијата сериозно ги погоди (компаниите) и оваа шема ќе помогне да се обезбеди нивниот континуитет во економската активност во овие тешки времиња“, рече во изјавата европскиот комесар за конкуренција, Маргрет Вестагер.

Сите компании што имаа пад на прометот за повеќе од 30 отсто во 2020 година во споредба со 2019 година ќе можат да добијат помош, објави ЕК.

Слични содржини