ЕК потврди: Хрватска е подготвена да го воведе еврото од 1-ви јануари

од Nikola Popovski

Европската комисија денеска соопшти дека Хрватска е подготвена да го воведе еврото од 1 јануари 2023 година и со тоа да стане 20-та земја членка на еврозоната.

Комисијата оцени дека Хрватска исполнува четири номинални критериуми за конвергенција и дека нејзиното законодавство е целосно компатибилно со барањата на Договорот и Статутот на Европскиот систем на централни банки.

„Честитки за Хрватска! Денеска Хрватска направи значаен чекор напред кон усвојување на еврото како заедничка валута“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Во денешниот извештај за конвергенција, Европската комисија го оцени и напредокот на Бугарија, Чешка, Унгарија, Полска, Романија и Шведска во процесот на пристапување во еврозоната.

Слични содржини