ЕК повторно ја тужи Полска поради злоупотреба на независноста во судството

Европската комисија ја тужеше Полска денес пред највисокиот европски суд за нарушување на независноста на судиите, потег за кој Варшава вели дека е неоснован.

ЕК повторно се обрати до Судот на правдата на ЕУ во врска со судските реформи во Полска, сега во врска со законот што стапи на сила во февруари 2020 година, за кој се смета дека ја нарушува независноста на судиите.

„Комисијата смета дека спорниот закон ја нарушува независноста на судството во Полска и не е во согласност со владеењето на правото во Унијата“, изјави пред новинарите европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс.

Извршната власт на ЕУ исто така бара од судот да преземе „привремени мерки“ за суспендирање на одлуките на дисциплинскиот совет на полскиот Врховен суд за укинување на имунитетот на судиите.

„Барањето на Европската комисија до Судот на правдата нема правна основа, а регулативата за спроведување на правдата е исклучиво во националниот домен“, напиша на Твитер полскиот министер за правда Пјотр Мулер.

Ова „произлегува директно од Уставот на Полска и Договорот за Европската унија. Полските регулативи не се разликуваат од нормите што важат во Европската унија “, додаде тој.

Во понеделникот, премиерот Матеуш Моравиецки побара од Уставниот суд да донесе одлука за надмоќта на полскиот устав над законодавството на ЕУ.

Слични содржини