Европската комисија предупреди денеска седум членки, вклучувајќи ја и Словенија, Германија и Грција, дека ги кршат прописите на ЕУ за азил и дека, доколку не преземат мерки тоа да го исправат во рок од два месеци, би можеле да се најдат пред Европскиот суд на правдата.

European-Commission-flags_1

Комисијата предупреди и на големи финансиски казни во овој случај.

Предупредувањето е испратено до Словенија, Германија, Грција, Франција, Италија, Естонија и Летонија.

Тие земји не докажале дека во целост ги применуваат новите прописи врзани за поднесување молби за азил или услови за прием на мигранти, наведе ЕК.

Словенија, Естонија и Германија се повикани да соопштат кои мерки ги презеле на национално ниво да спроведат директива за процедурите за азил, која објаснува единствена процедура за давање и повлекување заштита за бегалците.

Слични содржини