ЕК со план од 210 милијарди евра: „Како Европа може да престане да се потпира на руските горива до 2027 година?“

од Vladimir Zorba

Денеска Европската комисија ќе претстави план вреден 210 милијарди евра за тоа како Европа може да престане да се потпира на руските фосилни горива до 2027 година.

Конфликтот во Украина ја поттикна Европската унија да ја преиспита својата енергетска политика во услови на зголемена загриженост за снабдувањето со енергија, наведува Ројтерс.

Русија испорачува 40 отсто од гасот на ЕУ и 27 отсто од нафтата, а земјите од ЕУ во моментов се борат да постигнат договор за санкции на руската нафта.

Според нацрт-документот, во кој британската агенција имала увид, за да се ослободат земјите од тие горива, Брисел ќе предложи троен план, а тоа е транзиција кон поголем увоз на неруски гас, побрзо воведување на обновливи извори на енергија. и повеќе напори за заштеда на енергија.

Нацрт-мерките, кои би можеле да се променат пред да бидат објавени, вклучуваат мешавина од закони на ЕУ, необврзувачки шеми и препораки што националните влади би можеле да ги усвојат.

Плановите ги прикажуваат краткорочните напори за испорака на неруски гас, нагласувајќи го потенцијалот за зголемување на увозот на течен природен гас од земји како Египет, Израел и Нигерија.

Слични содржини