ЕК со рок: ЕУ да почне преговори со Македонија до крајот на јуни

од Nikola Popovski

Европската Комисија денеска поставила временски рок за одржувањето на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија. Еврокомесарот Дидие Рејндерс кој го заменил Оливер Вархеји во Европскиот Парламент денеска повикал преговорите со Северна Македонија, како и со Албанија, да започнат пред крајот на француското претседателство на 30 јуни.

Тој додаде дека ова е најсилниот сигнал што ЕУ може да му го испрати на целиот Западен Балкан.

Извештајот на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук доби поддршка од Парламентот со која се бара Скопје и Софија да најдат заемно прифатливо решение за билатералните прашања.

-Ги повикувам двете држави да најдат заедничко прифатливо решение. Да се стартува првата меѓувладина конфенренција не е чекор назад од националните позиции, не е чекор назад од црвените линии, туку дава можност за европска перспектива на С. Македонија. Треба да го направиме ова не за некој друг, туку за граѓаните, рече Ќучук во ЕП.

За Ќучук, одолговлекувањето на почетокот на преговорите со Северна Македонија има негативно влијание и врз геополитичкиот контекст.

Во Извештајот се изразува поддршка за Скопје и Софија да најдат заемно прифатливо решение за отворените билатерални прашања и силно го поздравува политичкиот поттик за широка, конструктивна комуникација меѓу двете земји, барајќи нова заедничка основа во многу области од заемен интерес наместо дополнителни линии на поделба.

Слични содржини